ДОНАЦИЈА на „Арс ламина“: Книги за библиотеката во „СОС Детско село“

Издавачката куќа „Арс ламина“ донираше книги за библиотеката во „СОС Детско село Македонија“. Донацијата содржи изданија од „Либи“, дел од „Арс ламина – публикации“: сликовници од серијалите „Пчеличката Маја“ и „Бајки од Македонија“, боенки, романи од едициите „Детски класици“ и „Шекспир за деца“, читанки и лектирни изданија од „Лесно читливи лектири“ за ученици од второ до деветто одделение од основните училишта, како и списанијата за ученици „Мини Либи“ и „Либи“.

Донацијата е со цел да се збогати книжевниот фонд во „СОС Детско село“ и да се помогне во грижата за децата и семејствата во социјален ризик, згрижени во центарот, каде што деца без родители и родителска грижа добиваат топол дом, љубов и стекнуваат чувство на припадност и сигурност.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 24, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 28-29 март 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот