Донации во предизборната кампања во САД: Бајден собра 135 милиони долари повеќе од Трамп во септември

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Кампањата за реизбор на Доналд Трамп за претседател на САД, и нејзините заеднички комитети собраа 247,8 милиони американски долари во септември, објави директорот за комуникации, Тим Муртау на Твитер.

Кампањата на демократите чиј кандидат за американски претседател е Џо Бајден, пак, прибави 383 милиони американски долари за истиот период што се верува дека е рекорд. Со тоа, Бајден води и во донациите пред Трамп за повеќе од 135 милиони долари.

Од кампањата на Трамп соопштија дека има готовина од 251,4 милиони долари, во споредба со 432 милиони долари колку што има ривалскиот табор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот