Дона Неделковска за „Слободен печат“: Докторката ми рече да сум и благодарна што ми ја спасила матката, која подоцна се испостави дека била за вадење

Дона Неделковска
Фото: Приватна архива на Дона Неделковска

Тетовката Дона Неделковска, која во тетовската болница после царски рез се соочи со тешки компликации, за „Слободен печат“ вели дека лекарката која ја оперирала после операцијата и кажала да им биде благодарна што и ја спасиле матката, за која подоцна се испоставило дека е со некроза што ја довело до животозагрозувачка состојба.

Младата мајка на скопските клиники била пренесена дури после пет дена откако добила и преплет на цревата и повраќала фекалии низ устата, а имала и симптоми на акутен абдомен.

-Откако конечно ме испратија од Тетово за Скопје, ме примија на скопски клиники со дијагноза преплет на црева. Кога ме отворија, тогаш видоа дека матката е со некроза. Целиот однос во Тетово беше катастрофа. Пет дена докторката не дојде да ме види, ми пишуваше СМС пораки. Кога почна царскиот рез, почнаа две докторки да ме оперираат. Но после еден саат кога се искомплицира се, дигнав глава, а во салата имаше 15 души. Беше хаос. Само што ќе почнеа да ме шијат, крварев уште повеќе. Гордо ми рече дека треба да и бидам благодарна што ми ја зачувале матката. А всушност требало да ја извадат. Кога се намалило малце крварењето, ме зашија и ми ставија дрен, но после тоа пројавував драматични симптоми на акутен абдомен, состојба која се учи на прва година медицински факултет, вели Неделковска за Слободен печат.

Таа додава дека најиритирачки било што и кажале дека е нервозна и затоа ќе добие дијазепам.

-Како да не бидеш нервозен кога сето ова ти се случува? Тоа ме иритираше најмногу, односот. Претходно немав хронични заболувања, никакви проблеми со бременоста, никаква комплицирана бременост, на главниот скрининг во 20 недела во „Ремедика“ добив извештај дека се е уредно. Уште не знам дали ќе тужам, зашто не сакам да го преживувам пак истото, а и не верувам дека ќе има ефект, вели Неделковска.

Родилка за хоророт во тетовската болница: Пет дена ме чувале со некроза на матка, ме лечеа со чај од нане и рузмарин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот