Доминираше Ферари, Леклер со трета пол-позиција во низа

фото: f1.com

Шарл Леклер (21) дојде и до третата пол позиција по ред сезонава, возачот на Ферари овојпат беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Сингапур.

Талентираниот Ф1 возач ќе започне од најдоброто место, забележа резултат од 1:36.217 мин. и докажа уште еднаш зошто е иднината во „најбрзиот циркус на светот“. Второто место му припадна на Луис Хамилтон кој се најде помеѓу двајцата возачи на Ферари, па така трет е Себастијан Фетел.

Од четвртата позиција ќе тргне Макс Верстапен во Ред Бул Хонда, а потоа следуваат Валтери Ботас, Карлос Сајнц, Даниел Рикардо, Нико Хулкенберг и Ландо Норис.

Квалификации, резултати, ГН Сингапур:

1.Шарл Леклер (Ферари) – 1,36,217 минута
2. Луис Хамилтон (Мерцедес) – 1,36,408
3. Себастијан Фетел (Ферари) – 1.36.437
4. Макс Верстапен (Ред Бул) – 1,36,813
5. Валтери Ботас (Мерцедес) – 1,37,146
6. Александар Албон (Ред Бул) – 1,37,411
7. Карлос Саинц (Мекларен) – 1,37,818
8. Даниел Рикиардо (Рено) – 1,38,095
9. Нико Хулкенберг (Рено) – 1,38,264
10. Ландо Норис (Мекларен) – 1,38,329.

На седум трки до крајот Хамилтон и натаму има убедливо водство, но интересно ќе биде што ќе се случи во последните седум трки од Формула 1 шампионатот.

Возачот од Монако триумфираше во Белгија и Италија, моментно е четвртопласиран во генералниот пласман со 182 бодови, води Хамилтон со 284, пред Ботас (221) и Верстапен (185). Неделната трка во Сингапур ќе стартува во 14.10 часот по централноевропско време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот