Доминираат германските тренери во фудбалот: Клоп, Нагелсман, Флик, Тухел!

фото: твитер

Сезонава Германија дефинитивно може да се пофали на фудбалски план, од земја каде што доаѓаат врвни и перспективни тренери.

Јирген Клоп кој после 30 години му донесе титула на Ливерпул во Премиер лигата, во истото натпреварување денеска е избран за најдобар менаџер.

Во овој избор Клоп дојде до првото место пред Френк Лампард, Брендон Роџерс и Крис Вајлдер.

Во европските натпреварувања, поточно Лигата на шампионите каде во полуфиналето веќе имаме две екипи, Баерн Минхен и Лајпциг кои би можеле да се сретнат дури и во завршната битка за трофејот.

Баерн е предводен од Ханс-Дитер Флик кој во мај потпиша договор до 2023 година. Успеа со клубот од Минхен да ги освои титулите во Бундеслигата и Купот на Германија.

Вчера со клубот ја забележа една од најголемите победи во ЛШ, елиминирајќи ја Барселона (8:2) и денеска го чекаат победникот од Манчестер сити-Лион.

Потоа, Томас Тухел со ПСЖ ја освои и втората титула по ред во француската „Лига 1“, а веќе има и по еден трофеј во националните купови.

Париските „светци“ во полуфиналето ќе ги одмерат силите против најголемото изненадување Лајпциг кој е предводен од Јулијан Нагелсман кој воедно е и најмлад тренер во ЛШ.

Нагелсман или „Мини-Мурињо“: Најмладиот тренер во историјата на ЛШ!

Видео на денот