ДОМИНИРА МЕРЦЕДЕС: Хамилтон со пол позиција во Монако!

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Хамилтон освен тоа што ќе стартува како прв, воедно оствари и рекорд на патеката (1:10,166). Веднаш зад Британецот заврши неговиот тимски колега од редовите на Мерцедес, Валтери Ботас.

Последниот трет дел од квалификациот циклус беше највозбудлив, Ботас возеше одлични кругови, но како да застана во самиот финиш.

Тоа секако го искористи шампионот кој беше побрз за вкупни 86 илјадити делови од секундата, а оваа пол позиција го доближува кон нова победа, што била негова четврта сезонава.

Вториот ред го пополнуваат Ферштапен (Ред Бул) и Фетел (Ферари). Првата „десетка“ ја сочинуваат уште Гејсли (Ред Бул), Магнусен (Хас), Рикиардо (Рено), Квјат (Торо Росо), Саинц (Мекларен), Албон (Торо Росо).

Новата трка од Формула 1 шампионатот во Монако ќе се одржи в недела со почеток од 15:10 часот.

После пет трки во генералниот пласман кај возачите води Хамилтон со 112 бодови, седум повеќе од Ботас, а далеку зад нив на третата позиција е Ферштапен (66).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот