Доминиканците си играа со „оган“, лесна задача за Турција

fiba.basketball

Турците ја оправдаа фаворитската улога и уште во првата четвртина стекнаа голема предност која до крајот ја зголемуваа. Најефикасен во селекцијата на Турција беше Ерсан Илјасова со 17 поени и девет скокови, а во Јапонија се истакна Ник Фазекас со 15 поени.

Далеку поголема драма видовме во групата Г каде што Доминиканска Република потешко од очекувањата со 80:76 беше подобра од Јордан.

После првото полувреме водеа Доминиканците со 49:36, но во второто нагло почна да се топи нивната позитива, на крајот дури Јорданците имаа и шанса да го одведат мечот во продолженија, но не реализираа во клучните моменти.

Иако центарот Ахмад Ел Дваири уфрли дури 34 поени (10 скока) со вкупен индекс 37, тоа не беше доволно да се спречи првиот пораз на неговата селекција на СП.

Да додадеме уште дека во групата Ф Бразил со 102:94 славеше против Нов Зеланд, а рундата ќе биде комплетирана со балканската пресметка помеѓу Грција и Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот