Доминик Тим е противникот на Циципас, во полуфиналето подобар од Зверев

twitter/ATP Tour

Австриецот Доминик Тим е вториот финалист на завршниот Мастерс турнир во Лондон откако во полуфиналето го победи Александер Зверев. Тим за еден час и 35 минути со 7:5,6:3 го победи минатогодинешниот шампион и во финалето го очекува пресметка со Стефанос Циципас кој беше подобар од Федерер.

Во првиот сет, Зверев беше тенисерот кој прв имаше брејк топки, во третиот и во шестиот гем но не ги искористи. Казната го стигна во 12. гем кога сервираше за опстанок во сетот, а Тим ја искористи втората брејк топка за водство од 1:0 во сетови.

Одличниот Тим кој во групната фаза ги победи и Федерер и Ѓоковиќ, во шестиот гем ја користи третата брејк топка со која доаѓа до водство од 4:2 и рутински до чуваше водството до крајот на сетот што значеше и пласман во финалето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот