Доминго ЗЛОСТАВУВАЛ ЖЕНИ? Славниот оперски пејач среде СКАНДАЛ

Profimedia

Славниот оперски тенор Пласидо Доминго (78) се најде во центарот на скандал. Осум пејачки и една танчерка го обвиниле за сексуално злоставување што се случувало пред 30 години.

Како што пишува Фокс њуз, Доминго ги присилувал жените да имаат сексуални односи со него, а за возврат им ветувал дека ќе им најде добра работа. Жртвите дури сега проговориле за злоставувањето.

Доколку некоја жена го одбиела, тврдат странските медиуми, ги казнувал така што останувале без ангажман.

Една од жртвите тврди дека Доминго ѝ ја ставил раката под сукњата, додека три жени рекле дека ги присилил на бакнеж, едната во гардероба, друга во хотелска соба и третата на деловен ручек.

„Обвинувањата од неименувани индивидуалци кои датираат од пред 30 години се неверојатни и неточни. Сепак, болно е да се слушне дека сум вознемирил некого или сум направил да се чувствува непријатно без оглед кога било тоа и дали било од најдобри намери. Луѓето што ме познаваат знаат дека не сум некој кој намерно би наштетил некому или би го донел во непријатна ситуација“, изјавил Доминго во врска со обвинувањата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот