Доминација на Мерцедес, Хамилтон најдобар во Сочи

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон триумфираше денеска на трката за Големата награда на Русија и се доближи до освојување на шестата шампионска титула.

Ова е негова вкупна 82 победа во кариерата, деветта оваа сезона, а четврта во Русија. Дојде до триумфот во Сочи со резултат 1 час, 33 минути и 38.992 секунди, а воедно петкратниот светски шампион освои и додатен бод за најбрз круг на трката.

На пет трки до крајот на сезоната Хамилтон има 73 бодови предност пред тимскиот колега Валтери Ботас кој на крајот беше второпласирани со скоро четири секунди заостанување. Победничкиот подиум го пополни членот на Ферари, Шарл Леклер, кој ја имаше пол позицијата од саботните квалификации.

Следува дуото на Ред Бул, Макс Верстапен и Александар Албон, кој трката ја почна од „боксот“. На шестата позиција се најде возачот на Мекларен, Карлос Сајнц, седми Серхио Перес од Рејсинг Поинт, а осми Ландо Норис од Мекларен.

Наредната трка ќе се вози на 13 октомври за Големата награда на Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот