Доминација на гостите: Ван Анхолт го шокираше Јунајтед! (ВИДЕО)

twitter.com/CPFC

Први три бода за фудбалерите на Хоџсон, водеа со 0:1 после првото полувреме со погодокот на Ају во 32 минута од средбата.

Во 70 минута пенал за домаќините не реализираше Решфорд и така продолжува „црната серија“ од почетокот на сезоната кога станува збор за ударите од белата точка. Надежта на играчите на Солксјер за момент дојде непосредно пред финишот кога после асистенцијата на Марсијал за израмнување се погрижи Џејмс.

И кога сите помислија дека на крајот ќе бидат поделени бодовите, холандскиот интернационалец ван Анхолт го шокираше „Олд Трафорд“.

Доминација на гостите на денешните дуели, освен Кристал Палас славеа уште: Норич-Челзи (2:3), Брајтон-Саутемптон (0:2), Шефилд јунајтед-Лестер 1:2 и Ватфорд-Вест Хем (1:3).

Денешната програма ќе биде затворена со дербито на „Енфилд“ помеѓу екипите на Ливерпул и Арсенал (18.30 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот