Домашни овесни колачиња

Фото: Unsplash

Oвесот се вбројува во најздравите житарки што воопшто можете да ги најдете на пазарот. Тој е навистина богат извор на микро и макронутриенти и одличен извор на растителни влакна. Хранливот состав на овесот е добро балансиран. Тоа значи дека тој е добар извор на сложени јаглехидрати, но во исто време и на растителни влакна, вклучително можеби најмоќниот фибер, бета-глуканот.

Покрај тоа што се одлична идеја за десерт за студените зимски денови, овие овесни колачиња му прават услуга на вашето тело нудејќи му здрава верзија на закуска.

Состојки:

– 2 јајца
– 2 чаши овесни снегулки
– 1,5 чаши брашно
– 1 омекнат путер
– кафеав шеќер по желба
– малку екстракт од ванила
– 1 лажичка сода бикарбона
– 1 лажичка цимет
– ½ лажичка прашок за пециво
– ½ лажичка сол

Подготовка:

Во голем сад помешајте ги кафеавиот шеќер, путерот, јајцата и екстрактот од ванила.

Во друг сад измешајте брашно, цимет, сода бикарбона, прашок за пециво и сол и постепено додавајте ја оваа смеса во смесата со путерот. На крај, додадете ги овесните снегулки.

Загрејте ја рерната на 180 степени и обликувајте ги колачите со лажица или во рака и ставете ги на хартија за печење. Печете 10 до 12 минути додека колачињата станат златни и потоа извадете ги и оставете ги да се изладат.

Во колачињата можете да додадете и парчиња темно чоколадо, суво овошје или мелени бадеми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот