Домашни кроасани (РЕЦЕПТ)

Состојки:

5  јајца

300 грама шеќер

200 грама кисело млеко

200 грама маргарин

1 коцка свеж квасец

1 лажичка сол

1 ванилин шеќер

200 милилитри млако млеко

50 милилитри  млеко за растворање на квасецот

1 килограм брашно

2 жолчки за премачкување

мармалад по ваш избор

Подготовка:

Во топлото млеко најпрвин растворете го квасецот. Откако ќе се раствори, во смесата додајте малку брашно и малку шеќер.

Оставете го квасецот да стаса. Оваа постапка трае околу 10 минути.

Кога квасецот ќе нарасне, истурете ја смесата во подлабок сад, а потоа додајте ги сите други состојки освен мармаладот и жолчките за премачкување. Убаво, со раце, измесете го тестото. Добиеното тесто оставете го да нарасне околу 30 минути.

Откако ќе помине потребното време, тестото поделете го на мали топчиња. Секое топче развлечете го со сукало, а потоа во неговата внатрешност ставајте по една лажица мармалад.

Тестото обликувајте го во форма на кроасан.

Оваа постапка повторувајте ја додека не го потрошите целото тесто.

Откако ќе ги обликувате кроасаните, намачкајте ги со жолчка и оставете ги да стасаат околу 30 минути.

Потоа, печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот