Домашна задача за фаворитите

Лидерот на табелата, Шкендија како и Вардар и Академија Пандев во денешното 29. коло од првата фудбалска лига, бодовите за заверка на пласманот во Европа, ќе ги бркаат пред своите навивачи.

Шкендија против Македонија ЃП ќе се обиде да дојде чекор поблизу до одбраната на титулата. Тетовскиот клуб има 63 бодови, дури 12 повеќе од второпласираниот Вардар кој на стадионот Борис Трајковски во Маџари ја пречекува втората екипа од Тетово, Ренова. Ова ќе биде одлична можност за Вардар да се одмазди за поразот од 0:4 на стартот од пролениот дел од сезоната.

Возбудувања се очекуваат во Струмица, каде Академија Пандев во градската пресметка е домаќин на Беласица на која бодовите и се потребни во борбата за опстанок.

ПРВА ЛИГА, 29. КОЛО (16 ч.):
Шкендија – Македонија ЃП
Вардар – Ренова
Академија Пандев – Беласица
Победа – Шкупи
Силекс – Работнички

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот