Домашна супа која е вистински терминатор за грип и настинки

За брзо и на природен начин телото да го направите поотпорно на вируси и бактерии ви нудиме рецепт за супа кој ги победува сите зимски болести.

Супата од лук, ѓумбир, црн пипер, кромид и уште неколку чудесни состојки го зајакнува целото тело, го зголемува имунитетот, ја храни секоја клетка во телото и не прави отпорни на вирусите и бактериите во воздухот.

Потребни состојки:

– 3 литри вода

– 2-3 чешниња лук

– 1-2 лажици ѓумбир (свеж, ситно сецкан или изрендан)

– 1 лажичка црн пипер

– 2 моркови (нелупени и пресечени на половина)

– 1 шољичка листови од целер

– ¼ кромид

– 1 поголемо гранче рузмарин

– 1 лажица мајчина душичка

– 1 лажица жалфија

– сок од половина лимон

Начин на подготовка:

Сите состојки (освен лимоновиот сок) ставете ги во голем сад со капак на оган. Ставете ги да се варат додека не зоврие водата и тогаш намалете го огнот. Сите состојки нека се варат заедно се додека не омекне зеленчукот.

Процедете ја течноста во друго тенџере. Испасирајте го зеленчукот и вратете го во течноста. Ќе добиете смеса која спречува, ублажува и лекува настинки, вируси и грип.

Внимавајте при готвењето на супата садот да биде добро затворен, за лековитите состојки да не испарат. Откако ќе ја сварите и послужите супата, кога малку ќе се олади, додадете го лимонот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот