Домашен сладолед „Магнум“

Состојки:

– стапчиња за сладолед
– 500 мл млеко
– 2 лажици шеќер
– 60 грама пченкарен скроб
– 1 лажица екстракт од ванила
– 100 грама бело чоколадо
– 100 грама грчки јогурт или кисело млеко со поцврста структура

За прелив:

– 300 грама темно чоколадо (може и млечно)
– сечкани бадеми

Подготовка:

Во тенџере сипете млеко, пченкарен скроб, ванила, шеќер и помешајте. Варете додека смесата не се згусне, а потоа додајте го белото чоколадо. Помешајте и додајте го грчкиот јогурт. Повторно сè убаво измешајте и сипете во тетрапак од млеко што претходно малку сте го измиле и сте го исекле врвот. Со скалпел или со потенок нож, на потесната страна од тетрапакот направете мал рез и ставете ги стапчињата. Покријте со фолија и оставете ги во замрзнувачот преку ноќ.

За прелив:

Растопете го чоколадото и додајте ги сечканите бадеми. Оставете малку да се излади. Со нож исечете го тетрапакот помеѓу стапчињата и отстранете го вишокот така што ќе добиете сладолед на стапче. Потоа, натопете ги сладоледите во чоколадниот прелив и ставете ги во замрзнувач уште половина час.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот