Домашен притвор за „љубител“ на оружје

Фото: Илустрација

Триесет и осумгодишен скопјанец е во домашен притвор, откако судија на претходна постапка по барање на обвинителството му ја одредило оваа мерка.

Како што денес известија од Јавното обвинителство, скопјанецот е осомничен за кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Кај него дома се пронајдени 73 куршуми, од кои 67 парчиња од кинеско и 6 од албанско производство.

Куршумите биле наменети за испалување од различни видови репетирачки, полуавтоматски и автоматски огнени оружја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот