Домаќинки, овие грешки ги правите кога виткате сарма

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Домаќинките се согласуваат дека треба да си вешт во кујна за сармата да изгледа како онаа на нашите баби. Ви донесуваме одлични совети за сите оние кои би сакале без многу мака да го подготват ова омилено традиционално јадење.

Нема сарма без зелка, но не секоја зелка е за сарма. Искусните домаќинки советуваат дека најдобра е онаа којашто сами сте ја закиселиле – така ова јадење ќе има посебен вкус и шмек. Друга опција е да купите домашна зелка од некого на пазарот, подобра од онаа вакумираната во продавница.

Друга важна ставка е месото. Некои готвачи велат дека само свинско оди во сарма, додека други тврдат дека најдобро е мешано месо – свинско и говедско. Би било добра идеја да ги споите парчињата свинска плешка и врат.

Што се однесува до оризот, непишаното правило вели дека, пред да ги свиткате сармите, треба да се издинста, иако модерните домаќинки сè почесто само го потопуваат неколку минути во вода.

Кога ќе дојде време за редење на сармата, во тенџерето треба да се нареди во круг така што делот каде што е свиткана зелката оди на дното за да не се одвитка сармата. И не заборавајте да оставите простор за малку чадено месо во средината на тенџерето, кое на јадењето ќе му даде прекрасна арома. Важно е и сармата да се крчка на тивок оган два до три часа, па ќе испадне одлично, во тоа е и тајната.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот