Домаќинствата во ЕУ трошат повеќе од 600 милијарди евра во ресторани и кафулиња

Фото: МИА

„Трошоците за угостителските услуги претставуваат седум отсто од расходите на домаќинствата во 2018 година“, објави Евростат.

Домаќинствата во Европска Унија трошат повеќе од 600 милијарди евра на угостителските услуги во рестораните, кафулињата, кантините што е околу 3,8 отсто од бруто домашниот производ на ЕУ.

– Трошоците за угостителските услуги претставуваат седум отсто од расходите на домаќинствата во 2018 година, објави Евростат.

Најголем удел во расходот за угостителските услуги забележен е во Ирска (14,4 отсто), а потоа следат Шпанија, Малта и Грција, исто така со двоцифрен удел.

Од друга страна, издвојувањата за угостителски услуги биле најниски во Романија со 1,9 отсто од вкупна потрошувачка во домаќинството, Полска со три отсто и Литванија 3,4 отсто.

Помеѓу 2008 и 2018 година уделот за трошење на услугите во вкупната потрошувачка на домаќинствата се зголемил во повеќе земји членки, а најмногу во Малта од 4,4 проценти, на 12,6 отсто. Потоа следи Ирска со раст од 2,9 процентни поени и Унгарија со 2,5 отсто.

Истовремено уделот за трошоци за угостителски услуги во вкупната потрошувачка во домаќинствата во истиот период падна во четири земји членки, во Романија за еден процентен поен, а во Шпанија, Словачка и Британија за нешто помалку од тоа.

Податоците на Евростат покажуваат дека во Луксембург потрошувачката стагнира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот