Домаќинствата без деца имаат најголем ризик од сиромаштија

Кога се анализираат домаќинствата кои живеат со деца, само Македонија и Турција се со нешто повеќе од 44,5 проценти од вкупното население изложено на ризик да се лизне во сиромаштија.

Домаќинствата без деца во Македонија во просек имаат најголем ризик од сиромаштија во Европа, при што 36,6 процент добиваат помалку од 60 проценти од просечниот приход по порамнувањето, соопшти „Евростат“.

Европската унија (ЕУ) смета дека оние што се изложени на ризик се оние кои се лишени од четири од деветте категории: редовно плаќање на наемнини или комунални услуги, доволно загревање, оброци со месо или риба секој втор ден, еднонеделни одмори надвор од домот, автомобил, машина за перење, ТВ или телефон.

Слична е состојбата во Србија (37,1 проценти), Латвија (35,5) и Бугарија (35,2).

Најранливата категорија според истражувањето e населението кое живее во еднинечно домаќинство.

Кога се анализираат домаќинствата кои живеат со деца, само Македонија и Турција се со нешто повеќе од 44,5 проценти од вкупното население изложено на ризик да се лизне во сиромаштија.

Земјите со најнизок ризик во обете забележани категории се Чешка, Исланд и Словачка, каде стапката на ризик од сиромаштија не надминува 14 проценти.

Евростат, исто така, потенцира дека околу седум проценти од домаќинствата на ЕУ во 2018 година не успеале да ги платат навреме своите закупнини или сметки за комунални услуги во изминатите 12 месеци.

Најлошата состојба е во Грција и Бугарија, каде околу една третина од сите домаќинства доцнеле со плаќањето, а најдобра е состојбата во Холандија, каде само еден и пол процент од жителите не ги плаќале своите сметки редовно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот