Го викнал на гости, пиеле алкохол, па го нападнал со стол – Обид за убиство во Богданци

обвинителство ојо

Велешкото обвинителство спроведува истражна постапка против 60 годишен човек од Богданци, а го товари за обид за убиство.

– Осомничениот на 11-ти октомври околу 20.30 часот,  откако претходно се довел во состојба на пијанство во која бил под дејство на алкохол од 2,97 промили во крвта, со умисла се обидел да лиши од живот на свиреп начин едно лице. Жртвата дошла во куќата на осомничениот околу 16.00 часот и двајцата заедно консумирале алкохол. Околу 20.30 часот осомничениот го нападнал оштетениот со тупаница, удирајќи го во пределот на главата. Откако оштетениот паднал на земја, осомничениот зел дрвен стол и со истиот неколкупати го удрил оштетениот во пределот на главата, причинувајќи му интензивни болки и страдања, со што му нанесол тешки телесни повреди и го довел во  животно загрозувачка состојба – соопштија од обвинителството.

Обвинителството бара притвор за осомничениот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот