Дома имате вишок печена тиква? Еве ви предлог за есенска салата

есенска салата
pundapanda / Alamy / Alamy / Profimedia

Есенскиот период е совршен за хранливи салати со сезонски овошја кои ги имаме во изобилие. Една таква салата е токму оваа. Нема да ви одземе многу време, а ако дома имате остатоци од печената тиква што ја направивте за половина маало, рециклирајте ја баш на овој начин.

За да ја направите салатата еве што ви е потребно.

Потребни состојки:

  • Големо парче печена тиква сечена на коцки
  • Едно зелено јаболко на ленти
  • Пакување рукола
  • Неколку ленти пршута
  • Пармезан на ленти
  • Маслиново масло
  • Балсамико
  • Сол и бибер

Подготовка:

Во длабока чинија ставете ја измиената рукола, додајте ги јаболкото на ленти, коцките тиква, посолете, зачинете со балсамико и маслиново масло и украсете со големи парчиња пармезан и пршута. За есенски ефект, можете да додадете одозгора и тостиран печен орев.

Уживајте!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот