ДОМ: Инспекторите да спроведат контроли поради загаденоста на воздухот

Фото: МИА

Зелената партија ДОМ апелира инспекторатите за животна средина да спроведат вонредни инспекциски надзори на индустриските капацитети во Скопје.

Вчера,особено во ноќните часови загадувањето на воздухот во Скопје беше високо, со концентрација на ПМ10 честички над 100 µg/m. Во услови на значително намален сообраќај, граѓаните се сомневаат дека аерозагадувањето потекнува од индустриските постројки.

Загадениот воздух е причина за заболувања на белите дробови, срцето и крвните садови и доведува до пад на имунитетот. Во овој период кога се соочуваме со сериозни закани по здравјето предизвикани од коронавирусот, чист воздух ни е потребен повеќе од било кога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот