Должностите на Елизабета Втора променети за првпат во последните десет години

кралица елизабета втора
Кралица Елизабета Втора / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Кралицата Елизабета Втора во иднина ќе има намален обем на службени „работни“ задачи. „Еxpress“ објави дека во официјалиот извештај на монархијата објавен минатата недела, било откриено дека кралицата била отстранета од списокот на должности што претходно „морала да ги исполни“.

Дополнително, 13 точки што ја опишуваат улогата и должностите на кралицата бил променет во нешто поопшт опис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Овој потег е прв од ваков вид по повеќе од 10 години, и истиот веројатно е показател за малку полошата здравствена состојба на кралицата, која има 96 години и се повеќе не може да се движи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Тие исто така истакнуваат дека многу јавни улоги на кралицата ги презеле принцот Чарлс и принцот Вилијам, кои, на пример, наместо Елизабета Втора се појавија на свеченото отворање на Парламентот во мај годинава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Пред еден месец, кралицата го прослави платинестиот јубилеј, односно 70 години на чело на монархијата. По тој повод беше организирана голема церемонија која траеше четири дена, а кралицата отсуствуваше на повеќето настани од програмата на церемонијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот