„Dolphin Bay Resort & Spa“ – Луксузен избор за претстојниот одмор

Ние сакаме да мечтаеме секој ден, бидејќи мечтаењето за одмор секогаш добро ни доаѓа, а особено ако станува збор за некое добро место, со неверојатна услуга и уште подобар поглед.

Сместен на калифорниската обала „Dolphin Bay Resort & Spa“ ве повикува да го искусите уживањето на Западната обала со стил и на најдобриот можен начин.

Ова спектакуларно одморалиште се наоѓа на Писмо Бич, меѓу Сан Франциско и Лос Анџелес, на многу тивкиот калифорниски брег, кој е познат по својата клима и опуштениот пристап кон животот.

„Dolphin Bay Resort & Spa“ е многу повеќе од одморалиште на плажа, со беспрекорен поглед на океанот и залезите на сонцето кои доживотно ќе ги паметите. Пространото сместување во овој хотел има неверојатно дизајниран ентериер, со приватни балкони и кујна со мермерни работни површини. Нормално, тука се и бројните други луксузни погодности.

Гостите веројатно ќе уживааат во дневниот спа центар, ресторанот и базенот на отворено со загреаната вода, но и во самата прошетка по Писмо Бич, која ќе ви донесе уживање. Овде можете да ја истражите целата околина со помош на велосипедите кои се достапни за изнајмување, а овозможено ви е и сурфање, дегустација на вина и голф.

Дали веќе се пакувате?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот