Долгови или инвестиции, што дебатираа Заев и Мицкоски за економијата

Долгот на државата само во мандатот на Заев е зголемен за огромни 830 милиони евра. Односно додека трае дуелот сега Заев ја задолжил државата за нови 65 илјади евра, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Долгот на државата во мандатот на Зоран Зев е зголемен за точно 830 милиони евра или 757 илјади секој ден, или 31 илјада секој час додека седиме ние додека дебатираме, нагласи Мицкоски.

– Изградивме 750 километри патишта, 1400 километри водоводи и канализации, а вие имате споменици и барокни фасади, кои ветрот ви ги дувна, му порача претстедателот на СДСМ Зоран Заев, на својот соговорник Христијан Мицкоски од ВМРО – ДПМНЕ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Тој додаде дека со 30 милиони евра за проблемот со ГАМА ја решивме гасификацијата, што е историско прашање, а не е споменик или жална врба.
Особени сме горди што 2019 година ја завршиме со 624 милиони странски директни инвестиции најмногу во југоисточна Европа по глава на жител, истакна Заев.
Меѓудругото и заради тие инвестиции има пари во буџетот и за пензии и за плати и за сите  политики, за 300% зголемена социјална помош, за 40% зголемени плати на здравствените  работници, за 25% зголемени плати на медицинските сестри, 21% зголемени плати во образованието, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Проблемот е кога вие ги крадете парите. Долгот е зголемен за точно 830 милиони евра, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Каква е реалноста, најновите податоци од јануари месец ќе видите дека капиталните трошоци изнесуваат точно 397 милиони денари, тоа се капитални трошоци кои што државата вложувала нели како што вели гради, се грижи за младите и тоа е 1,67% од планираното за 2020 година, што е 6,5 милиони евра. Од друга страна дефицитот тоа е онаа бројка која што отсликува повеќе потрошено отколку прибрано во буџетот е еднаков на 6,98% , затоа што и буџетот се полни со
7% од она што било планирано за 2020 година. Тоа значи дека 1 милијарда и 213 милиони денари, односно 20 милиони евра, а за капитални инвестиции од нив се потрошени точно 6,5 милиони. Прашањето е каде завршија останатите 13,5“ потенцираше Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот