Долгорочни проблеми кај лицата со прележан ковид-19: Замор, отежнато дишење, анксиозност, депресија, стрес, па и паѓање на косата

Фото: EPA-EFE/Marcial Guillen

Секој трет хоспитализиран пациент со коронавирус има долгорочни здравствени проблеми, вклучувајќи проблеми со органи и влошено ментално здравје. Тоа се наведува во преглед на истражување за долгорочните ефекти на вирусот врз луѓето, јавија западни медиуми.

Прегледот е објавен во списанието Nature Medicine и се фокусира на зачестеноста на симптомите кај пациенти со „долг ковид-19″. Најчести се замор, отежнато дишење, анксиозност, депресија и посттрауматски стрес.

Авторите на студијата забележуваат дека владите треба да истражуваат повеќе и да најдат начини да им помогнат на луѓето да се справат со тој ефект.

Кај некои пациенти кои имаат проблеми со белите дробови и долгорочно дишење, студиите исто така покажаа дека вирусот напаѓа и други органи, што доведува до разни компликации, вклучувајќи кардиоваскуларни болести и хронично воспаление.

Прегледани се осум научни студии за долгорочните ефекти на инфекцијата со коронавирус во Европа, САД и Кина. Кај некои пациенти е откриено дека имаат проблеми со неколку органи неколку месеци по отпуштањето од болница.

Триесет отсто од пациентите имаат барем еден симптом, како што се замор, отежнато дишење и психички проблеми.

Една студија во Италија со 143 пациенти покажа дека 90 отсто имале симптоми 60 дена по закрепнувањето од коронавирусот. Најчести се замор (53,1 отсто), отежнато дишење (43,4 отсто), болки во зглобовите (27,3 отсто) и болка во градите (21,7 отсто).

Повеќе од половина од пациентите имаат повеќе симптоми два месеца по излегувањето од болница.

Три студии во Франција, Велика Британија и Кина покажуваат дека помеѓу 25 и 30 отсто од пациентите имаат проблеми со спиењето неколку недели по закрепнувањето.

Кај 20 отсто е забележано опаѓање на косата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот