6.8 C
Скопје

„Долгиот ковид“ влијае на повеќе делови на телото и умот

Долготрајната болест по инфекцијата со коронавирусот, која понекогаш се нарекува и „долг ковид“, можеби не е еден синдром, туку четири кои предизвикуваат вртлог од симптоми што влијаат на сите делови на телото и умот, рекоа лекарите.

Во почетниот извештај за долготрајниот ковид-19, британскиот Национален институт за здравствени истражувања наведува дека кај пациентите со ковид-19, од кои кај некои болеста трае седум или повеќе месеци, симптомите вообичаено се појавуваат во едно физиолошко подрачје, како што се срцето или белите дробови, се повлекуваат, а потоа повторно се појавуваат на другото подрачје.

– Овој извештај го нагласува штетното физичко и психолошко влијание кое долготрајниот ковид-19 го има на животите на многу луѓе – навела во извештајот Елејн Максвел, водач на истражувањето.

Прочитајте и...  Пејачката Теа Трајковска го победи Ковид-19: Последниов месец беше вистински ролеркостер во секоја смисла!

Илјадници луѓе ширум светот се поврзале на социјалните мрежи и интернет-форумите со цел да ги споделат своите искуства за симптомите на непрекинатиот ковид-10. Некои самите себе се нарекуваат пациенти „на долги патеки“, додека другите својата состојба ја нарекле „долгиот ковид“.

Според групата на пациенти „Долгиот ковид СОС“ во Британија, податоците на апликацијата за следење на симптомите што ја направи Кралскиот колеџ во Лондон, покажале дека 10 отсто од болни со ковид-19 и по три недели се во лоша состојба, а пет отсто може да бидат болни со месеци.

Eлејн Максвел рекла дека здравствените служби веќе се борат со „управување на тие нови и флуктуирачки обрасци на симптоми и проблеми“.

Таа и нејзините соработници ги повикаа пациентите и лекарите да ги евидентираат и да ги следат симптомите за здравствените истражувачи да можат да дознаат повеќе за таа состојба и што побргу да ја ублажат.

Прочитајте и...  Колку долго може да бидете со заразено лице во иста соба, а вие да не се заразите?

Тимот на проф. Максвел, според сведочењата на пациентите сугерира дека долготрајниот ковид-19 може да биде цикличен, а дека симптомите варираат во сериозноста и се движат по телото, вклучувајќи го системот на органите за дишење, мозокот, кардиоваскуларниот систем и срцето, бубрезите, цревата, црниот дроб и кожата.

„Постојат разни приказни дека трајни симптоми на ковид-19 доживуваат луѓето од сите возрасти и луѓето од сите средини. Иако ова е нова болест и ние учиме повеќе за нејзиното влијание, службите ќе треба да бидат подобро опремени за поддршка на луѓето со долг ковид-19 со оглед на тоа дека новите докази покажуваат дека постојат значајни психолошки и социјални влијанија кои ќе имаат долгорочни последици“, се наведува во извештајот.

Прочитајте и...  Канје и Ким ги претставија новите влечки кои станаа предмет на потсмев на социјалните мрежи

Поврзани вести

ФОТО|Маж во брак со две жени: Ќе се потрудам двете да останат бремени во исто време

Слободен печат

ВИДЕО: Хју Грант призна која колешка најмногу ја обожава и ѝ пишува долги пораки

Слободен печат

ФОТО| Сакаат нивната ќеркичка да ги гледа заедно: Ирина и Бредли на чекор до смирување?

Слободен печат

ФОТО+ВИДЕО| Како би изгледал Дејвид Бекам на 70 години: Овој негов изглед носи силна порака!

Слободен печат

ФОТО| Тој има 23, таа 76 години и снимаат порно-филмови: Покажавме сè!

Слободен печат

Вистината зад фотографијата на принцезата со мустаќи и приказната дека поради неа биле извршени 13 самоубиства

Слободен печат

Остави Коментар