Долги нозе за играње: Лепа Брена лансира ексклузивна линија на женски чорапи

Откако Лепа Брена и Саша Поповиќ во 2019 година ја продадоа „Гранд-продукција“ за 30 милиони евра, пејачката одлучи да почне свој бизнис.

Поранешната ѕвезда на Југославија одлучи да вложи пари во новата работа, а се „шушка“ за сума од 300.000 евра. Иако долго го најавуваше овој проект и не сакаше да каже за што точно се работи, медиумите сепак дојдоа до детали дека е во прашање бизнис со женски чорапи. Пејачката тоа го потврди, но ги скри деталите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)


Како што дознаваат српските медиуми од добро информиран извор, хулахопките кои ќе носат потпис на Лепа Брена ќе бидат сè, само не обични.

По многубројните состаноци со луѓето и партнерите од оваа модна индустрија, таа измислила чорапи и хулахопки кои во себе ќе содржат, ни помалку, ни повеќе – златни наночестички и хијалуронска киселина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)


Пејачката се впуштила во овој храбар деловен потег со поддршка на нејзиниот сопруг, Слободан Боба Живојиновиќ, кој исто така вложил одредени финансиски средства. Иако се најавуваше дека овие нејзини производи ќе се појават на пазарот напролет оваа година, тоа го одложи бидејќи не беше задоволна од конечните резултати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот