Доларот расте: Акциите на азиските пазари паѓаат поради тензиите меѓу САД и Кина

Цената на златото порасна на 1.700 долари за унца.

Доларот денеска забележа благо зајакнување, а акциите на азиските берзи бележат пад, а повторно падна и цената на нафтата, бидејќи новите тензии меѓу САД и Кина околу потеклото на корона вирусот го згаснаа оптимизмот на инвеститорите во поглед на враќање на глобалната економија на патеката на раст.

Инвестициската активност на азиските берзи е со слаб интензитет, при што пазарите во Кина и Јапонија беа затворени, а фјучерсите на американските акции се заклучени во минус 0,7 проценти, известува „Ројтерс“.

Индексот на фјучерсот „FTSE“ се лизна за 0,6 отсто, а изгледа дека и европските акции по првомајските празници новата трговска недела ќе ја започнат со пад. Терминскиот индекс „EurоSTOKS 50“ потона за 3 отсто.

Случувањата на азиските пазари укажуваат на продолжување на лошото берзантско расположение на стартот од мај, што пак во петокот го наговестија американските податоци и закани за нова трговска војна меѓу двете најголеми светски економии.

Покрај тоа песимизмот меѓу трговските актери беше подгреан и од американскиот претседател Доналд Трамп, како и од државниот секретар Мајк Помпео кои повторно ја обвинија Кина дека е извор на пандемијата на Ковид – 19.

На стоковите пазари, цената на фјучерсите на американската нафта „WTI“ е заклучена на 18,74 долари за барел, односно со пад од еден долар, додека фјучерсите на северноморската нафта „Brent“ ослабнаа за 1 отсто, односно за 27 центи, на 26,22 долари за барел.

Цената на златото порасна на 1.700 долари за унца.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот