Доларот повторно близу до изедначување со еврото

Американски долар - официјалната валута на САД
Американски долар - официјалната валута на САД / Фото: EPA-EFE/ARSHAD ARBAB

Доларот денеска благо зајакна во однос на јенот и продолжи да расте по информациите за зголемување на вработеноста во САД, со што се зголемија очекувањата за натамошно заострување на агресивната политика од страна на Федералните резерви (ФЕД), пренесува „Политика“.

Доларот порасна за 0,1 отсто на 135,155 јени, во еден момент достигнувајќи до 135,585 јени, што е највисоко ниво од 28 јули, откако претходно скокна за 1,57 отсто, највисока дневна добивка од 17 јуни, покажуваат најновите податоци за тргување во Азија, пишува „Ројтерс“.

Еврото денеска падна за 0,15 отсто на 1,01815 долари, додека вредноста на британската фунта во голема мера остана непроменета на 1,2077 долари.

Британската валута падна на само 1,2004 долари во петокот, еден ден откако Банката на Англија ја зголеми референтната каматна стапка за половина процентен поен, како што се очекуваше, предупредувајќи на продолжена рецесија.

Австралискиот долар се подигна на 0,6927 УСД откако падна за 0,8 отсто во петокот, додека новозеландскиот долар остана стабилен на 0,62435 УСД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот