Доларот и понатаму под притисок бележи слаб пад

Влијанието на еврото порасна за 0,25 отсто во однос на доларот, па утрово изнесуваше 1,1329 долари.

По тринеделен пад, на пазарот со валути индексот на доларот и понатаму е под притисок, бидејки инвеститорите вложуваат во ризични валути и очекуваат, што се однесува до пандемијата, дека најлошото е завршено.

Во такви околности, индексот на доларот во однос на останатите најважни светски валути при денешното тргување ослабна за 0,2 отсто, на 96.452 бода.

Бројот на новозаразени во САД продолжи да расте и за време на викендот, при што само на Флорида нивниот број во последните 24 часа скокна за повеќе од 15 илјади, надминувајќи го рекордниот дневен пораст на Њујорк од април.

– Растот на бројот на новозаболени не е позитивна вест, но пазарите по се изгледа се уште сметаат дека ситуацијата со повторно воведување на нови рестрикции на економските активности е далеку, истакнува Јукио Ишизуки, стратег при Даива Секјуритис.

Влијанието на еврото притоа порасна за 0,25 отсто во однос на доларот, па утрово изнесуваше 1,1329 долари.

Доларот забележа и благ пад во однос на јенот и тој сега се тргува по цена од 106,83 јени, што е најблиска разлика во изминативе две недели од 106,635 јени, која беше забележана во петокот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот