Докузовски: Сега мора да ги пофалам играчите

Марин Докузовски фото: КФСМ

Тренерот на Работнички, Марин Докузовски овој пат е задоволен од прикажаното на неговите кошаркари. По дебаклот во првиот финален натпревар, Докузовски ги нападна своите кошаркари велејќи дека не го заслужуваат дресот, но овој пат приказната е поинаква.

Иако за Работнички не настапи повредениот Димитар Мираковски, во првата минута се повреди и Димитар Караџовски, избраниците на Докузовски одиграа одличен натпревар.

– За мене, како тренер ова беше различен натпревар од минатиот. Морам да ги пофалам играчите, тие изгинаа на терен. Јас сум тренер, тоа ми е работа, мора да ги карам кога играат лошо, но  и да ги фалам кога се добри. Голем хендикеп за нас беа повредите, нормално беше да снемаме и сили. Му честитам на МЗТ на победата, имаат поголем ростер од нас. Уште пред да почне финалето, кажав дека МЗТ е фаворит со нас, меѓутоа Работнички како екипа мора да оди до крај. Јас затоа бев лут на претходниот меч затоа што не беше така. За денес немам забелешки. За мене важно е да излеземе на терен и да се бориме, а ако МЗТ е подобар, ќе му честитаме, тоа е дел од спортот – вели Докузовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот