Докузовски: Овие играчи не го заслужуваат дресот на Работнички

Марин Докузовски фото: КФСМ

Актуелниот шампион, Работнички, го доживеа еден од најголемите порази во клупската историја, МЗТ Скопје славеше со дури 36 поени (80:44) во првиот натпревар од финалната серија. Тренерот на Работнички, Марин Докузовски е разочаран од залагањето и играта на неговите избраници кои со пристапот покажаа дека не заслужуваат да го носат дресот на тимот од Градски Парк.

– Прво би сакал да му честитам на МЗТ на победата. Мислам дека добро го отворивме натпреварот, иако се почувствува дека МЗТ има притисок кај нив во играта, ние не го искористивме тоа за да направиме поголема разлика во првата четвртина. Немаме играчи за ротација, а кога немате ден, може да се случи ова. Меѓутоа, едно што ме разочарува е кога се игра финале, може да не ти оди шут, но мора да играш одбрана. Овие играчи на Работнички не заслужуваат да бидат во тим каков што е Работнички. Не покажавме заби кога не ни одеше нападот, не игравме одбрана. Мора да ги обвинам играчите, затоа што тие реално се за резерви. Не се за прва екипа, да бидат носители. Во финале мора да имаш носители на игра. А денес, тоа го немавме. Како да заврши првенството за нас со победата над Блокотехна. Најмногу ми е срам што ние се предадовме. Јас такви играчи не почитувам – вели Докузовски.

Проблемите на Докузовски во финалето со МЗТ Скопје се зголемија со повредата на искусниот плејмејкер, Димитар Мираковски за кого предвреме заврши сезоната.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот