Докузовски: Ќе биде тешко да се мотивираат играчите

Марин Докузовски фото: КФСМ

Тренерот на Работнички, Марин Докузовски е задоволен од од тешко извојуваната победа над МЗТ Скопје но е и загрижен за своите играчи. Работнички за победата над големиот конкурент мораше да игра две продолженија од пет минути, а веќе утре (17.30 ч.) ги очекува финална пресметка со Блокотехна.

– Ова беше убав натпревар, пред сѐ поради неизвесноста што ја понуди на крајот. Немаше да биде незаслужено и МЗТ да победи, но добро е заврши во наша корист. Кошаркарите и физички и емотивно се испразнија, и ќе биде тешко да се кренат, Но ќе мора некако да го направат тоа за утрешното финале со Блокотехна да биде празник на кошарката – рече Докузовски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот