Документарниот филм за Џордан и неговите „бикови“ ги руши сите рекорди на ЕСПН

twitter/ESPN

Првите две епизоди од документарниот филм „Последниот танц“ кој е посветен на најдобриот кошаркар во историјата, Мајкл Џордан, и неговите Чикаго булс ги соборија сите рекорди по гледаност на документарни филмови на телевизијата ЕСПН.

Телевизијата денеска објави дека просечната гледаност на првите две од вкупно десет епизоди изнесувала 6.1 милиони гледачи. Првата епизода ја гледале просечно 6.3 милиони луѓе во САД, додека втората епизода околу 300.000 помалку.

Досегашниот рекорд го држеше документарниот филм за Бо Џексон, кој играше во два професионални спорта во САД, американскиот фудбал и бејзбол, од 2012 година. Тој документарен филм беше погледнат од 3.6 милиони луѓе.

Според ЕСПН, документарниот филм за Џордан и неговите „бикови“ најголема гледаност имал токму во Чикаго, од 12.1 проценти.

Третата и четвртата епизода на документарниот серијал ќе се емитуваат наредната недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот