Документарец за Енвер Малиќи-многу куќи се направени за сиромашни кои дури и не знаат кој ги изградил

Промоција на документарниот филм во чест на Енвер Малиќи

Имаме чест и одговорност, денес, со моето семејство да Ве запознаеме со плановите и конкретните предлози за ангажманите во нашиот Холдинг, којшто ни е оставен како аманет од еден голем човек – нашиот татко Енвер Малиќи, рече Албан Малиќи, пред презентацијата на документарниот филм посветен на животот и делото на хуманитарецот и филантроп Енвер.

-Татко ни нè научи како треба да се раководи бизнисот, а истовремено да се цени и секој момент поминат со блиските, без разлика дали се пријатели или бизнис-соработници, изјави  Албан, кој е директор и член на бордот на директори.

Десет компании на семејството Малиќи, од македонскиот и косовскиот пазар, стануваат дел од „Малиќи Груп“, со план за развој, единствено работење, дигитализација и визионерство на сопствениците и на тимот.

Групацијата се состои од компаниите Gemak, Gekos, Maliqi Construction со странски инвестиции во Rajana Engeneering, Hindenburg Germanija, Gemak Telecommunication Services, Enternet, Vala distributer, Parklend, Immoreks, Cactus construction, коишто работат во регионот во областите од дистрибуцијата, недвижноститe и угостителството.

Алтин Малиќи, уште еден од сопствениците на компанијата и член на бордот на директори, вели дека досега овие компании, од различни сектори на бизнисот, дистрибуцијата, недвижностите и угостителството, функционирале како поединечни правни единки. Но, сега, како дел од оваа Групација, меѓусебно ќе се координираат со цел да се отворат нови можности за прогресивен раст на компаниите.

– На овој начин веќе креираме иновативни бизнис-планови, коишто досега не можеле сами да ги реализираат, но како Групација ќе освојуваат нови пазарни можности и работни проекти, додаде Алтин Малиќи.

Децата на бизнисменот Енвер Малиќи го продолжуваат бизнисот

Многу важен сегмент од ова вмрежување на компаниите ќе биде дигитализацијата, со што ќе се унапреди оперативното работење на сите нивоа и ќе се подобри функционалноста на секоја од компаниите поединечно, но и на ниво на Групација.

Резеарта Малиќи Салиу, ќерка на Енвер и директорка и член на бордот на директори на новиот Холдинг, рече дека минатата година оствариле профит од 100 милиони евра.

– Ние инспирираме напредок, лидерство и претприемништво. Се заблагодарувам на поддршката од целиот тим, од 400 вработени, тим со кој заеднички, во време на пандемијата со Ковид-19, во исклучително тешки две години, се обидовме да го испорачаме сето она што го планиравме. Транспарентното работење ни овозможи да оствариме годишен промет од 100 милиони евра само минатата година, рече Розеарта.

Семејството на Енвер Малиќи основа и Фондација којашто ќе го носи името на овој голем човек, хуманист, професионалец, посветен татко и сопруг, визионер, филантроп, успешен бизнисмен, другар и пријател.

Фондацијата ќе поддржува проекти од областа на образованието, културата и животната средина, а во соработка со Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во  Скопје и Архитектонскиот факултет во Приштина, ќе доделат пет стипендии за најдобрите студенти во студиската година. Дополнително, договорена е и поддршка и за Филхармонија на РСМ.

Во чест на Енвер Малиќи основана е и Фондација

– Фондацијата „Енвер Малиќи“ ќе биде подадена рака за секој поединец, уметник, институција, здружение, коишто сакаат да направат промена во одредени сфери на живеењето, во земјава, и во соседно Косово. Ќе мапираме потребни проекти кои ќе бидат благодет за заедницата. Би сакале да промовираме и вредности за почитување на природата и ублажување на климатските промени. Потребна е индивидуална одговорност за благодет на целото општество, изјави Мевљуде Малиќи, сопруга на Енвер Малиќи и претседателка на Фондацијата.

Документарниот филм во чест на Енвер Малиќи премиерно ќе се прикаже вечерва на МРТ 1 во 20:45 часот и на МРТ 2 во 20:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот