ДОКУМЕНТ НА БРИТАНСКАТА ВЛАДА ОТКРИВА: Карантинот е причина за смрт на илјадници луѓе

Фото: Andy Rain / EPA

До почетокот на мај, како што се наведува во документот, во Британија починале 16.000 луѓе кои не можеле да добијат соодветна лекарска помош.

Документ на британската влада откри дека токму карантинот е причина за смрт на илјадници луѓе, кои не можеле да дојдат до медицинска помош, или пак стравувале да посетат болници за да не се заразат со Ковид-19.

Од коронавирус, според официјалните податоци, во Велика Британија починале 46.000 луѓе. Но, последиците од карантинот кој беше воведен за спречување на ширење на вирусот, исто така, се драматични, покажа документ на владината Научна советничка група за итни случаи.

Според тие податоци, на три смртни случаи од коронавирус, следат два кои се предизвикани од последиците од карантинот, пренесе „Спутник“.

До почетокот на мај, како што се наведува во документот, во Британија починале 16.000 луѓе кои не можеле да добијат соодветна лекарска помош, додека 6.000 починале затоа што не се јавиле кај лекар од страв да не се заразат од коронавирус во здравствената установа.

Податоците на Министерството за здравство на Британија и Националната завод за статистика, покажуваат дека починале и 10.000 луѓе кои биле отпуштени од болница во текот на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот