Докторот Алберто Зангрило: Берлускони добро реагира на терапијата за Ковид-19

Фото: euronews.com

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони добро реагира на третманот за Ковид-19, изјави неговиот лекар, пренесува агенцијата ДПА. Берлускони (83) минатата недела беше примен во болница во Милано со проблеми на белите дробови, како резултат на инфекцијата со коронавирус.

– Неговиот одговор на терапијата во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано е „оптимален”, рече пред новинарите Алберто Зангрило, докторот на Берлускони.

Тој сè уште е во „кревка фаза”, додаде лекарот, потенцирајќи дека возраста на пациентот е фактор на ризик и дека на терапијата и треба време.

Состојбата на Берлускони во саботата тој ја оцени како „стабилна” и рече дека дишењето му се одвива како што се очекуваше.

Берлускони во болницата во Милано беше префлен во четвртокот вечерта, откако самиот соопшти дека претходната недела се заразил со вирусот. Првичниот план му бил да мине две недели во самоизолација, но откако му се влошила здраствената состојба тој морал да побара лекарска помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот