Докторка загина во експлозија на бомба во Авганистан

Фото: EPA-EFE/GHULAMULLAH HABIBI

Локалните власти во источниот авганистански град Џалалабад потврдија дека една докторка е убиен во денешната експлозија на бомба поставена на пат, само неколку дена откако тројца новинари беа убиени во истиот град.

Портпаролот на гувернерот на провинцијата Нангархар изјави дека докторката, чие име не се открива, патувала на работа во родилиште, кога настрадала во експлозија на бомба поставена покрај пат. Повредено е едно дете, но засега никој не презеде одговорност за нападот.

Авганистанската Влада и некои странски сили ги обвинуваат талибанските бунтовници за многу вакви напади и тврдат на овој начин оваа милитантна група предизвикува страв со избегнување големи жртви меѓу цивилите, но талибанците негираат дека се вмешани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот