Докторка сподели одличен трик: Направете ја маската за лице уште поефикасна против коронавирусот (ВИДЕО)

Жени со заштитна маски на плоштад „Македонија“ во Скопје ковид-19 коронавирус
Жени со заштитни маски на плоштад „Македонија“ во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Носењето маска стана задолжително во јавниот превоз и затворените простории, а според новите сознанија на научниците кои СЗО конечно ги прифати, коронавирисот се пренесува и во воздухот. Меѓутоа, не секогаш луѓето успеваат да најдат маска која идеално им одговара на пропорциите на лицето, а доколку маската не стои добро наместена на лицето, не е толку ефикасна против бактерии и вируси кои можат да допрат до носот или устата.

Стоматологот Оливија Куди на популарната мрежа Тик-Ток сподели трик со кој може да се послужите за да го решите проблемот.

Куди покажа што е потребно да направите за подобро да ја прицврстите маската на лицето, како вирусот не би продрел во деловите кои остануваат непокриени на лицето:

Прво, завиткајте ја маската на пола. Направете чвор од секоја страна, што поблиску до самата маска. Отстранете ја маската и свртете ги ситните дупки на рабовите. Маската потоа би требало да го покрие вашето лице подобро од претходно.

Погледнете како изгледа овој брз процес, снимката е прегледана повеќе од 3,5 милиони пати:

@oliviacuidmd

Highly requested 60s version of my viral mask hack #fyp #doctorsoftiktok #masktutorial #covid19 #viral #maskhack #learnontiktok

♬ original sound – oliviacuidmd

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот