Докторка со пријава до МВР за вчерашниот инцидент во Струмичката болница по смртта на деветмесечно дете

Докторка од Струмичката болница пријави вербални закани од непознато лице и се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, информираше портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, по вчерашниот инцидент кога роднина на деветмесечното бебе, кое почина во болницата, бурно реагирал.

Рендевска додаде дека пријава за смртта на детето нема, бидејќи од болница во полицијата пријавуваат само доколку има сомнеж за насилна смрт. Според лекарите, детето во болницата било донесено во многу тешка состојба и покрај обидите за реанимација од страна на лекарите тоа починало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот