Докторка од Словенија за 50 евра издавала лажни потврди за прележан коронавирус

Вообичаените симптоми на мутантниот омикрон се болки во мускулите, замор, гребење во грлото и ноќно потење/ Фото/ МИА

Докторка од Помурје во Словенија издавала потврди за коронавирус за 50 евра. Случајот го истражува и Лекарската комора на Словенија.

Како што пренесуваат словенечките медиуми, обвинетата докторка изјави дека ги издавала сертификатите врз основа на наодите што докажуваат присуство на антитела во телото, но тоа не е пропишан и валиден начин да се потврди дека некој прележал коронавирус.

Се посочува дека е потребен позитивен ПЦР тест постар од десет дена и не постар од 180 дена.

Една новинарка и се претставила на докторката како личност која била во контакт со заразено лице, но не била тестирана. Таа и рекла дека нема проблем и дека ќе и издаде потврда за 50 евра, под услов да биде тестирана за присуство на антитела.

Националниот институт за јавно здравје одговори на новинарско барање дека станува збор за прекршок во надлежност на државниот инспекторат.

Лекарската комора потврди дека добила пријава против докторката, но дека нема да ги открие деталите до крајот на постапката.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот