Докторка од Кина побегнала од својата земја откако добивала закани по живот ако ги открие тајните за создавањето на Ковид-19

epa08485947 Local residents, who visited or live near Xinfadi Market, take COVID-19 tests at Guang'an Sport Center in Beijing, China, 15 June 2020. Beijing conducted COVID-19 tests on more than 76,000 people on 14 June. According to media reports, over 50 people tested positive for COVID-19 on 14 June. EPA-EFE/STRINGER

Јан неколку пати известувала за своите откритија, а еден од супервизорите во еден наврат ѝ пришол и ѝ кажал: „Молчи и биди внимателна“.

Докторка од Кина по име Ли Менг Јан, морала да побегне од оваа земја, бидејќи примила закани дека ќе биде убиена ако открие дека вирусот е создаден во кинеска воена лабораторија.

36-годишната докторка чие семејство и пријатели биле испитувани и добивале закани од функционерите на Комунистичката партија откако ја напуштила татковината во април, стана свиркач за коронавирусот во САД, каде што крие каде престојува, за да не ја пронајдат кинеските власти.

Според „Дејли меил“, таа во декември работела како виролог во лабораторијата на Универзитетот во Хонгконг, инаку центар за истражување на заразни болести на Светската здравствена организација.

Нејзиниот шеф, професорот Лео Пун, побарал од неа да испита мистериозен склоп на случаи на вируси, слични на САРС во кинескиот град Вухан. Овој професор бил еден од научниците кои се занимавале со идентификација на геномската секвенца на епидемијата САРС од 2003 година.

Она што го откри д-р Јан ќе биде игнорирано и дополнително потиснувано од режимот на Пекинг и неговите медицински експерти.

Им велеле на луѓето да не се грижат

Уште на почетокот на јануари, докторката, проучувајќи семејни кластери, дознала дека меѓу случаите во Вухан вирусот се пренесува од човек на човек и дека други научници во Кина го секвенцирале геномот „ковид-19“.

Таа веќе тогаш знаела дека Вухан има повеќе случаи отколку што пријавила кинеската влада и не поверувала во тврдењата на Пекинг дека вирусот пристигнал од пазарот на морска храна, верувајќи дека станува збор за намерна лага.

„Тие не сакаа јавна дебата за вирусот. Им велеа на луѓето да не се грижат“, вели д-р Јан.

Таа не била единствена меѓу лекарите кои сакаа на светот да му ја кажат вистината за коронавирусот.

Осум експерти беа уапсени на 23 јануари заради предупредување за короната на социјалните мрежи.

Кинеските власти го нарекоа овој чин „ширење измама“, а потоа на 7 февруари почина еден од нив, д-р Ли Венлианг.

Во текот на февруари, чувството дека целата планета треба да биде алармирана ја обзема оваа млада докторка, бидејќи вирусот почна да се шири низ целиот свет.

Бидејќи бројот на смртни случаи почна да се зголемува нагло, кинеската докторка сфатила дека има сознанија за глобалната катастрофа за која нејзината влада намерно молчи.

Во Кина, на лекарите им било кажано да дијагностицираат само случаи поврзани со пазарот на морска храна во Вухан и да ги игнорираат сите останати.

„Сфатив дека ова е итна информација која морам да ја споделам со целиот свет. „Не можев да молчам“, рече таа во интервјуто за „Фокс њуз“.

Јан неколку пати известувала за своите откритија, а еден од супервизорите во еден наврат ѝ пришол и ѝ кажал: „Молчи и биди внимателна“.

Лажгa и предавничка

Со зголемениот страв дека информациите кои ги има можат да спасат многу животи, но и да резултираат со повеќе смртни случаи доколку не бидат објавени, таа одлучила да се пресели во САД.

Тоа било тешка одлука затоа што таа е мажена и е единственото дете на таткото инжинер и мајката учителка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот