Докторите на скафандерите лепат свои слики за пациентите, освен маските, да ги видат и нивните лица (ФОТО)

Пациентите сакаат да знаат кој ги лекува додека се борат да преживеат.

Здравствен работник од Сан Диего смисли прекрасен начин како да им подари „смирувачка насмевка“ на своите пациенти додека ги лекува од смртоносниот коронавирус.

Робертињо Родригез лекувал пациенти на Интензивна нега за време на викендот, кога одлучил да направи нешто за да ги развесели и да им го разубави денот што е можно повеќе.

Родригез се чувствувал лошо бидејќи пациентите кои ги лекувал можеле да видат само дел од неговото лице, бидејќи тој и целиот медицински персонал носат целосна заштитна опрема, па направил огромна ознака/значка со цел да ја носи врз скафандерот.

На ознаката, која ја закачил на градите, е прикажана негова слика во костум, со насмевка на лицето, што е голема разлика од она што пациентите го гледаат секој ден.

Откако ја споделил фотографијата на Инстаграм со порака „останете дома“, многу негови колеги го сториле истото и со тоа малку ги разведрил пациентите кои се борат за живот.

Родригез изјави дека ќе ја носи ознаката се додека носи скафандер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот