Доктор во Битола дал погрешна дијагноза поради што дополнително се нарушило здравјето на пациентот

Лекари / Фото: МИА

Денеска во Битола била поднесена кривична пријава против доктор кој дополнително му ја влошил здравствената состојба на еден пациент, откако му дал погрешна дијагноза.

Станува збор за 63-годишен доктор од Битола.

Како што информираат од МВР, во текот на 2017 година во Клиничката болница во Битола, докторот постапувајќи несовесно при микроскопски преглед на примерок од пациент, дал дијагноза, врз основа на која било предизвикано тешко нарушување на здравјето.

Против докторот е поднесена пријава под сомнение за сторени кривични дела „несовесно лекување болни“ и „тешки дела против здравјето на луѓето“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот