„Доктор Пропаст“ ја предвиде кризата во 2008 година, а и сега има што да каже

Економистот Нуриел Рубини не гледа светла иднина / Фото: EPA/DENNIS M. SABANGAN

Економистот Нуриел Рубини, познат по своите песимистички прогнози кои во минатото се остваруваа, предвидува дека американската економија ќе влезе во рецесија до крајот на оваа година.

Прекарот на Рубини е „Doctor Doom“ („Доктор Пропаст“), бидејќи успешно предвидувал големи кризи, како онаа од 2008 година. Кога неколку години пред таа криза го презентираше своето сценарио за иднината, многумина мислеа дека претерува, но се покажа дека е во право, пренесува порталот Бизнис и финансии.

Овојпат тој предвидува големо забавување на американската економија, поради повеќе фактори, меѓу кои пандемијата на коронавирус која се уште е присутна, војната во Украина, политиката на Кина против ковид-19, која предизвикува недостиг на стоки низ светот итн.

– Сè уште не сме во рецесија, но сме многу блиску до неа. Сите важни економски показатели опаѓаат, од довербата на клиентите, малопродажбата, производните активности, до продажбата на недвижности, вели Рубини.

Оваа ситуација, вели тој, може да доведе до стагфлација како што можеше да се види во 1970-тите години во САД. Во тоа време економијата растеше многу бавно, за разлика од инфлацијата која беше висока.

– Отежителна околност споредено со кризата од седумдесеттите е што сега имаме и спирала од долгови, тврди Рубини. Ова е нов терен за централните банки, бидејќи тие се уште не биле во таква ситуација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот