Доктор Петар Марков од Струмица е дел од тимот на првата операција на ретка болест во Македонија

Струмичкиот лекар Петар Марков беше дел од оперативниот тим на првата операција направена во Република Македонија за третман на ретка болест, Mayer – Rokitansky – Kuster – Hauser-ов синдром, објави Струмица Денес.

Операцијата е извршена во приватната болница РеМедика во Скопје од  тим на хирурзи од Србија и Македонија. Проф. д-р Владимир Којовиќ и д-р Марко Марјановиќ беа хирурзите од Србија чиј фокус во работата е реконструктивната урологија, додека од Република Македонија хируршкиот тим го сочинуваа доц. д-р Александар Митевски, д-р Александар Мицковски и д-р Петар Марков.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот