Доктор Пановски: Со 400.000 вакцинирани лица може да се постигне заштита од ковид-19

Со 400.000 вакцинирани лица може да се постигне заштита од ковид-19. До март, кога се очекува да стигне вакцината против коронавирусот, 600.000 граѓани на некој начин, ќе имаат стекнато имунитет на болеста, затоа што ја прележале на некој начин, со или без симптоми, истакна вечерва доктор Никола Пановски.

Тој посочи дека ако се вакцинираат уште 400.000 луѓе, за кои веќе е обезбедена вакцината во две дози, тоа ќе биде доволно за да се смета дека населението е заштитено.

– Се чудам како е можно граѓаните да одбиваат да се вакцинираат, бидејќи вакцините имале нус ефекти, а не го читаат упатството за употреба на антибиотици, потенцира Пановски во емисијата „Само вистина” на Канал 5 телевизија.

Додаде дека летото идната година ќе биде порелаксирано од ова што го поминавме, но дека маски ќе продолжиме да носиме од страв, а не од некоја реална оправданост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот