Доктор нападнал група тинејџерки и давел една од нив заради непочитување на социјална дистанца (ВИДЕО)

Доктор од Кентаки е обвинет за давење и вознемирување откако е објавена снимка на која се гледа како им вика и бутка група на тинејџерки.

Џон Рејдмејкер (57) е уапсен во вторникот заради снимка од 27 секунди на која наводно се гледа како фаќа девојка (18) за врат за време на расправија околу социјално дистанцирање.

Снимките снимени од мобилниот телефон се појавија за време на викендот, а на нив наводно се прикажува како Рејдмејкер влегува во расправија со поголема група на млади луѓе во петокот околу 20.30 часот.

Докторот и неговата пријателка, која исто така е медицински работник, дошле во конфликт со девет тинејџери затоа што не ги следат советите на социјално дистанцирање за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Откако една од девојките му збори дека наскоро планираат да си одат, докторот го вперува прстот кој нејзе, по што таа почнува да плаче и му вели да не ја допира.

Конфликтот потоа ескалира, а докторот бутка друга девојка и трета фаќа за врат, при што неговата пријателка му вели да ја пушти.

Наводната жртва повикала полиција која веднаш дошла на местото. Докторот Џон е обвинет за давење и вознемирување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот